Денеска во Струга бев информиран од страна на другарот Бочварски дека Министерството за транспорт и врски издаде решение за отпочнување на реконструкција на Центарот за обука во Идризово напиша екс министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
,,Оваа реконструкција ја најавуваме изминатиов период како една од најкрупните и најважните на МВР – целосна реконструкција на два павиљона за сместување, управна и школска зграда и ресторан, заедно со придружни содржини, и пистата за постројување на кандидати.
Градежните активности се во вредност од 184.838.711 денари обезбедени од Буџетот на МВР.
Нека е со среќа” објави Спасовски на социјалните мрежи.