Дел од граѓаните од улиците „11 Октомври“ и „Македонија“ во централното градско подрачје во Скопје, утре од 8:30 часот ќе останат без вода. Причина е дефект на приклучна цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „11 Октомври“ бр. 8. Прекин во водоснабдувањето ќе има до завршување на интервенцијата информира РЦУК по известувањето добиено од ЈП „Водовод и канализација“.