Актуелниот шпански фудбалски првак Барселона со многу мака освои три бода на гостувањето во Виго против Селта (2:1) во 25. коло од Ла Лигата. Спасителот на Барселона беше полскиот интернационалец Роберт Левандовски, кој за малку можеше да биде и трагичар. Левандовски постигна водечки гол во првото полувреме, но потоа следеше пад во играта и израмнување на 1:1 во 47. минута кога Аспас погоди за Селта. Во финишот на натпреаврот, во судиското продолжение, беше досуден пенал за Барселона, а одговорноста да го изведе ја презеде Левандовски. Во првиот обид не реализираше, но ВАР-системот потврди дека Игуита ја напуштил линијата предвреме, по што полскиот напаѓач доби поправен и не згреши од вториот шут. Барселона има 54 бодови на третата позиција во Ла Лига, односно два помалку од Жирона и седум од Реал Мадрид.