По трет пат во историјата, репрезентацијата на Хрватска е светски шампион во ватерполо. Во финалето на Светското првенство кое се одржа во Доха, Хрватска во финалето со подобро изведување на петерци (пенали) ја совлада Италија 15:13, во регуларниот дел средбата заврши 11:11. Хрватите со светско злато се закити претхоидно во 2007 година во Мелбурн и во Будимпешта десет години подоцна. Хрватска во рок од еден месец не дозволи да загуби уште едно финале и злато, бидејќи кон средината на јануари пред домашната публика и ја предаде европската круна на Шпанија. Најефикасен во составот на новиот светски шампион беше Константин Харков со четири гола, Јерко Мариниќ Крагиќ додаде три, Рино Буриќ два, а Јосип Врлиќ и Матијас Биљака по еден гол. Во италијанскиот тим Андреа Фондели пет пати ја погоди мрежата, Франческо Ди Фулвио и Николас Прешјути додадоа по два гола, а Лука Марсијали и Франческо Кондеми по еден.