Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја претстави новата линија на патики, еден ден откако њујоршкиот судија го казни со речиси 355 милиони долари на судење за граѓанска измама.
Поранешниот претседател вчера на „Sneaker Con“ во Филаделфија го претстави моделот на патиката „Трамп“, а додека зборуваше со толпата, на подиумот постави пар патики во златна боја, кои ги рекламираше на својата нова веб-страница за 399 долари.
„Ова е нешто за што зборувам 12, 13 години и мислам дека ќе биде огромен успех“, рече Трамп, кој се приближува кон републиканската претседателска номинација за овогодинешните избори и реваншот со актуелниот претседател Џо Бајден.
На веб-страницата на продавницата беше објавено дека до синоќа се распродадени сите патики од овој модел, вкупно 1.000 пара, колку што имало на залиха во продавницата „Sneaker Con“ во Филаделфија.