Шкупи нов лидер во првенството по победата над Воска

Шкупи е нов лидер во домашниот фудбалски шампионат, откако денеска ја победи Воска во дуел од 19.коло. 

Актуелниот шампион и довчерашен лидер, Струга одигра само нерешено против Работнички во Скопје и на тој начин го предаде врвот на табелата.

Шкендија победи со минимални 0:1 во Ѓорче Петров против Македонија ЃП со голот од пенал на Тотре.

АП Брера го совладаа Силекс во Кратово со 0:1 и со тоа го расипаа дебито на Александар Васовски.

Најинтересно се чини беше во Штип каде Брегалница со два гола во самиот финиш направи пресврт против Тиквеш за конечни 2:1. Кавадаречкиот тим водството го држеа се до финишот од мечот кога Ѓорѓиев погоди двапати за комплетен пресврт и многу важни бодови во борбата за опстанок.

ПМФЛ, резултати од 19. коло:

Македонија ЃП – Шкендија 0:1

Силекс – АП Брера 0:1

Шкупи – Воска Спорт 3:0

Брегалница – Тиквеш 2:1

Работнички – Струга ТЛ 0:0

Вчера:

Гостивар – Вардар 1:1

Табела:

Шкупи 41

Струга 40

Шкендија 38

Силекс 27

Гостивар 25

Работнички 24

Брера 23

Тиквеш 22

Брегалница 20

Воска 20

Македонија ЃП 18

Вардар 18.

Треба да знаете
Последни објави