Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска на Минхенската безбедносна конференција изјави дека надворешната и безбедносната политика на ЕУ е фокусирана на централните точки во Украина и на Блискиот Исток.
„Мораме да обезбедиме безбедносни приоритети на Украина и да и помогнеме на нејзиниот пристап во ЕУ по долгогодишни тензии со Русија. Значи, ние имаме проблем и со Русија и мораме да разгледаме различни сценарија“, рече Борељ на панелот посветен на следните геополитички приоритети на Европската унија.
Според него, неопходно е да се промовира мировно решение на Блискиот Исток и активно да се придонесе за завршување на војната во Газа.
„Мислам дека во ЕУ постои подготвеност да се прифати решение со две држави, но ни треба единство“, рече Борел.