Според зборовите на неговиот близок пријател, Бред Пит одамна не бил посреќен, а насмевката на неговото лице ја должи на Инес де Рамон, со која актерот ужива во љубовта.
Откако за магазинот People беше потврдено дека 34-годишната Инес де Рамон се вселила во калифорнискиот дом на 60-годишниот оскаровец, стана јасно дека врската на Бред Пит е повеќе од сериозна. Тоа всушност бил логичен редослед на нивната врска, која се покажала како сериозна, а како што тврди добро упатен извор, Бред Пит одамна не бил толку среќен.
„Тие поминаа толку многу време заедно во куќата на Бред што имаше смисла Инес да се пресели кај него. Бред е многу среќен и сака да поминува време со неа. Заедничкиот живот се покажа како природна работа“, вели добро информиран извор.
Двојката првпат беше забележана заедно во ноември 2022 година, иако според добро упатени извори, тие почнале да се забавуваат неколку месеци порано.
Непосредно пред да започне врска со Бред, Инес стави крај на тригодишниот брак со актерот Пол Весли, а Бред Пит се гледаше со неколку жени по неговиот развод со Анџелина Џоли во 2016 година, но ниту една од нив немаше ист ефект врз него како убава бринета.
„По разводот, Бред имаше неколку врски, но ниту една не беше сериозна. Ова е негова прва сериозна врска и не може да биде посреќен. Со Инес повторно ја пронајде таа искра и вистинско задоволство е да се биде сведок. „Бред е душа од човек и заслужува да биде среќен“, рекол изворот.