„Владеењето на ВМРО-ДПМНЕ се карактеризираше со трите „П“: пендрек, пари и пропаганда. Не поминаа повеќе од дваесеттина дена откако ВМРО-ДПМНЕ партиципира во преодната Влада и веднаш го земаа првото П – ПЕНДРЕКОТ“ пишуваат на социјалните мрежи од владејачката НСДП.
Оттаму порачуваат дека „Мицкоски преку личниот адвокат, а сега министер за внатрешни работи го воскреснува МВРО. Матрицата на делување на МВРО-ВМРО останува иста, не им беа доволни седум години за да се реформираат“.
Со вчерашниот настан личното обезбедувањето на Мицкоски демонстрираше насилие и надмоќ врз службено лице вработено во МВР. Седум години со широк општествен и институционален консензус и со поддршка од меѓународните партнери се направија голем број на реформи за професионализација на безбедносните служби, а само преку еден настан МВРО покажаа како се рушат стандардите и системот“ велат од НСДП.
Од партијата го осудија „ваквото непрофесионално однесување на блиските луѓе околу Мицкоски“ и очекуваат да поднесат одговорност.
„Граѓаните ќе ценат каква иднина сакаат, дали сакаат професионални институции или враќање на МВРО-ВМРО“ е партискиот став.