Полициски службеник кој синоќа бил ангажиран како обезбедување на еден познат локал во Скопје, нападнал друг полициски службеник кој извршувал служебни дејствија
Како што дознаваме, полицаецот кој го обезбедувал локалот, со физичкиот напад се обидел да спречи полициска акција односно претреси за пронаоѓање дрога во локалот од.
Од информациите што стигнуваат до нас, станува збор за извесен Ивица Б. кој истовремено е дел од обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Полицаецот тепач е приведен во полициска станица, по што против него ќе биде поднесена соодветна пријава
Дека се има случено таков физички напад, утрово на својот Фејсбук профил објави и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев.
„Згрозен сум од чинот што се случи ноќеска кога колега полициски службеник нападнал друг колега пред угостителски објект којшто во тој момент извршувал службени дејствија. Напад врз полициски службеник е напад на држава! Истиот е лишен од слобода и повикувам внатрешна контрола и СВР Скопје да постапат соодветно и максимално професионално.
Македонската историја не памети ваков случај на поранешен висок полициски функционер да нападне и спречи свој колега во извршување на својата службена должност. Ова е преседан во полициското работење, повикувам максимално професионално да се расветли овој случај во интерес на граѓаните и државата“ пишува Бојмацалиев.
Од МВР повеќе детали најавуваат во текот на денов.