Таравари го повика Ахмети на изборен дуел за претседател на државата

Откако ја официјализира кандидатурата за претседателските избори, гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари го повика лидерот на ДУИ, Али Ахмети и тој да се кандидира.

„Отворено го поканувам господинот Али Ахмети да се натпреварува со мене и да вие изберете кој најдобро ве застапува, напиша Таравари на социјалната мрежа Фејсбук.

Таравари освен кампања, за претседателските избори, води и битка со Зијадин Села за тоа кој ќе ја преземе партијата Алијанса за Албанците, откако двајцата се разидоа околу прашањето како нивната партија треба да настапи на изборите.

Треба да знаете
Последни објави