Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека претпладнево има активен пожар на планината Китка на отворено од вчерашните вкупно 23 пожари на отворено во државата.
Активен пожар на отворено има се уште на планината Китка, каде што се уште гори, најверојатно нискостеблеста вегетација, согласно последните информации во ЦУК. Конкретно Регионалниот ЦУК Скопје известува дека пожарот над село Палиград (Општина Зелениково) што започна во петокот на 16 февруари, се уште е активен. Од ЈП „Национални шуми„ – подружница „Караџица“ Скопје известиле дека на терен имале една екипа, но теренот бил непристапен и не гаснеле. Од страна на РЦУК Скопје, за пожарот се известени во Општина Зелениково.
ЦУК информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1892 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 40,01%, а 58,99% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 65,33%, кон Итната медицинска помош 24.09%, а кон пожарникарите 8.39% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, 1.68% со другите 59,06% што се именувани како „неитни повици“, биле вкупно 1121 на број и биле предмет на примање, селективна обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со други институции од Системот за управување со кризи, согласно природата на пријавените итни случаи, се посочува во соопштението од ЦУК.