Ковачевски: СДСМ ќе има свој претседателски кандидат, ДУИ може да го поддржи а може да излезе и со свој кандидат

СДСМ ќе настапи со свој кандидат на изборите за претседател, рече денеска лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски.

Одговарајќи на новинарско прашање околу можен заеднички кандидат до ДУИ, Ковачевски истакна дека ДУИ, како и сите останати политички партии самата ќе одлучи дали ќе го поддржи кандидатот на СДСМ или пак, ќе предложи свој кандидат.

„Оние кои сметаа дека треба да настапат со свој кандидати, тоа е нивно право, ние сме демократско општество. Нашиот кандидат за претседател и сега и во минатото, како и нашите влади покажале дека со нас има Европска Македонија, има Македонија во полноправно членство во НАТО. Со другите нема, а тоа се покажало 11 години и четири пред тоа, ниту има ЕУ, ниту има НАТО, изјави Ковачевски, додавајќи дека името на претседателскиот кандидат на СДСМ ќе се знае кон крајот на овој или на почетокот на следниот месец. 

Треба да знаете
Последни објави