Мадиќ: Европа е нашата иднина, нема да се откажеме од европскиот пат

Заменик на министерот за правда Викторија Аврамовска Мадиќ учествува на дводневната меѓународна Конференција ,,Иднината на проширувањето на ЕУ: Правосудство и темелни права” која се одржува во Загреб. Во присуство на голем број министри за правда на земјите канидадати и потенцијални кандидати од Западен Балкан, Мадиќ во своето обраќање се осврна на приоритетите на нашата држава и проширувањето на ЕУ кој е еден од најважните процеси кои се клучни за нашата иднина. ,, Мора да бидеме обединети сега повеќе од кога било, особено во заштитата на нашата безбедност и почитувањето на владеењето на правото. Да се фокусираме на спроведување на клучните реформи и да докажеме дека кај земјите од Западен Балкан е присутна волјата да ги прифати европските амбиции и дух. За да одат напред земјите од Западен Балкан, потребно е ЕУ да стои цврство на својот став околу политиката на проширување, а со тоа и да одговори на нашите предизвици, односно да биде подинамична со јасен стратегиски концепт, а од друга страна да продолжи процесот на обезбедување огромна поддршка на земјите од Западен Балкан”, рече заменик на министерот за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ. Мадиќ ја поздрави иницијативата на Европската Унија за вклучување на Република Северна Македонија во Извештајот за владеење на правото како инструмент за рана детекција или превенција на предизвиците со владеењето на правото. Овој чекор на Европската Унија претставува воспоставување на еднаква основа со земјите-членки во поглед на следењето на тековните реформи и ќе биде од особено значење за нас во процесот на забрзана интеграција. ,,Република Северна Македонија изминатиот период успеа да се избори за значително подобрување на односите со соседите, враќање на довербата во правосудниот систем и постигнување поголем економски и културен развој. Во Скрининг Извештајот за Првиот кластер- Фундаментални вредности е дадена оценка на степенот на подготвеност и усогласеност на националното законодавство. Интензивно сме посветени со сите наши капацитети за подготовка на Патоказот за Владеење на правото кој ќе ги исцрта насоките на реформите и мерките до нашата крајна цел – завршување на преговорите до 2030 година”, порача Мадиќ.

Треба да знаете
Последни објави