Актуелниот италијански фудбалски првак Наполи сезонава има лоши резултати, па в среда на првиот осминафинален меч од Лигата шампионите против Барселона може да биде предводен од нов стратег. Наполи на „Диего Армандо Марадона“ во Неапол ја пречекува Барселона, а овој натпревар според тоамошните медиуми нема да го дочека актуелниот тренер Валтер Мацари. Него треба да го замени поранешниот асистент на Маурицио Сари и Лучијано Спалети од вермето кога го предводеа Наполи, Франческо Калцона кој е актуелен селектор на Словачка. Во целата оваа приказна е вклучен и поранешниот играч на Наполи, Марек Хамшик, кој би добил функција во стучниот штаб на 55-годишниот Калцона. Словачка се согласила актуелниот селектор да извршува две функции истовремено.