Покрената тужба против „Амазон“ за измама на купувачите

Амазон моментално се соочува со тужба за наводно доведување во заблуда на клиентите.

Според тужбата што беше поднесена минатата недела, нивната опција „бај бокс” на страницата („додај во кошничка“ и „купи сега“) ги насочува потрошувачите кон понеповолни понуди поради едноставноста на купувањето со еден клик, пишува „Арс“ техника“, а пренесува порталот „Бизнис“.

-Клиентите на „Амазон“ разумно веруваат дека „бај бокс”, која е единствениот начин клиентот да купи нешто веднаш или да го додаде во кошницата, покажува најниска цена за тој производ – се наведува во тужбата, но се додава дека ова не е вистина.

Според тужбата, доколку одреден производ е достапен во неколку трговци, „Амазон“ избира чија понуда оди во „бај бокс” преку која се вршат 98 отсто од сите набавки на „Амазон“. Тој производ добива најмногу простор на нивната веб-страница и бара најмалку кликови за купување. Но, доколку клиентите погледнат во други понуди, ќе најдат попристапни опции.

-Последица од ова е што потрошувачите редовно плаќаат повеќе за производи кои се достапни по пониски цени од другите продавачи на „Амазон“, но не затоа што потрошувачите не носат правилни одлуки за купување, туку затоа што таа компанија избрала да прикажува понуди за кои ќе заработи најмногу хонорари – пишува во тужбата што ја поднеле двајца клиенти во име на сите што купиле нешто преку „бај бокс” од 2016 година.

Треба да знаете
Последни објави