Шпанија ќе воведе санкции за израелските доселеници на окупираниот Западен Брег

Шпанија еднострано ќе воведе санкции за израелските доселеници на окупираниот Западен Брег кои насилно се однесуваат кон Палестинците, доколку нејзините партнери од Европската унија не постигнат договор за ова прашање, изјави денеска шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес.

Тој посочи дека Шпанија ќе се залага за воведување санкции на денешната средба на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ во Брисел.

„Доколку нема договор, Шпанија поединечно ќе продолжи со санкциите против доселениците“, рече Албарес.

Ирскиот министер за надворешни работи Мајкл Мартин изјави претходно денеска дека се надева дека земјите од ЕУ едногласно ќе ги одобрат санкциите.

Француските власти им забранија на 28 израелски доселеници да влезат во земјата минатата недела, обвинувајќи ги дека ги нападнале Палестинците на окупираниот Западен Брег.

Секојдневните напади врз Палестинците на окупираниот Западен Брег се повеќе од двојно зголемени од почетокот на војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.

Треба да знаете
Последни објави