Индонезиски власти: За време на изборите почина 71 доброволец од исцрпеност

Индонезиските власти наведуваат дека меѓу 14 и 18 февруари 71 лице кои учествувале во подготовката на најголемите еднодневни избори во светот починале од исцрпеност. Хасим Асјари, претседател на националното изборно тело, на прес-конференцијата додаде дека во тој период се разболеле околу 4.000 луѓе.

Со оглед на тоа што на претходните избори во 2019 година загинаа повеќе од 500 работници на избирачките места, владата воведе старосна граница за волонтерите и нареди дополнителни здравствени прегледи, но и покрај тоа, годинава сепак имаше жртви.

На изборите одржани минатата недела, а кои траеја 6 часа, на избирачките места работеа пет милиони платени волонтери. Над 200 милиони граѓани имаа право на глас на изборите за претседател, потпретседател и претставник на национално и локално ниво.

Изборниот процес во Индонезија предвидува деноноќна работа на распределбата и броењето на гласачките ливчиња, што може да трае и до 12 часа по затворањето на гласачките места. Министерот за одбрана Прабово Субианто прогласи победа пред неколку дена откако неофицијалните резултати покажаа дека тој добил повеќе од 50 отсто од гласовите во првиот круг. Официјалните резултати ќе бидат објавени до 20 март.

Треба да знаете
Последни објави