Денеска во 12 часот пред руската амбасада во Скопје, претставници на ЦИВИЛ прочитаа протестно писмо на македонски, албански и англиски по повод смртта на рускиот борец за демократија и човекови права, Алексеј Навални.
„Почитувани граѓанки и граѓани на Руската Федерација,
Со тешко срце, жалиме за смртта на Алексеј Навални, лидер на борбата за демократија и човекови права, кој стана жртва на безмилосниот режим на еден геноциден диктатор. Иако телото на Навални подлегна на бруталноста на режимот, неговото наследство живее, овековечено во срцата и умовите на илјадници храбри руски граѓанки и граѓани кои, во чествувањето на неговиот живот, се соочуваат со бруталност и смрт од рацете на руската влада.
Името на Навални и неговиот неуморен стремеж за демократија и човекови права, опстојуваат во срцата и умовите на слободољубивите луѓе ширум светот, како и во Руската Федерација.
Одговорноста за смртта на затвореник е на државата! Итно ги повикуваме руските власти да дозволат независна истрага за околностите на смртта на Алексеј Навални во сибирската казнена колонија.
Се придружуваме кон барањата за ослободување на сите политички затвореници во Русија!
Ставете крај на полициската бруталност и угнетување врз граѓаните!
Прекинете ја геноцидната војна против Украина!
Прекинете ја хибридната војна против демократските нации!
Одведете го Путин пред Меѓународниот суд на правдата да му се суди за неговите злосторства! , се вели во протестното писмо од ЦИВИЛ.