Судот во Лондон го почна сослушувањето без Асанж по неговата жалбата против одлуката за екстрадиција во САД

Високиот суд во Лондон го заврши првиот ден од сослушувањето во врска со жалбата на основачот на Викиликс Џулијан Асанж против одлуката за негова екстрадиција во САД. До судот најпрво се обратија адвокатите на Асанж, кои рекоа дека се работи за политички мотивиран случај, додавајќи дека на нивниот клиент му биле прекршени човековите права, јавува Би-Би-Си. Тие истакнаа дека имаат докази за заговор на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) за убиство на Асанж за време на претседателствувањето на Доналд Трамп. Џулијан Асанж е во британски затвор од 2019 година, а денеска не се појави на суд поради болест, јавува Би-би-си. -Тој денеска не се чувствува добро, затоа не е присутен во судницата, изјави адвокатот на Асанж, Едвард Фицџералд на отворањето на рочиштето во Високиот суд во Лондон. Британија ја одобри екстрадиција на Асанж во САД во 2022 година, откако судијата првично го задржа поради загриженост за неговото ментално здравје или ризик од самоубиство доколку биде депортиран.

Треба да знаете
Последни објави