Џафери смета дека Ахмети нема да прифати да биде кандидат за претседател на државата

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети нема да прифати кандидатура за претседател на државата, смета техничкиот премиер Талат Џафери.

-Господинот Ахмети има мисија, а не е претендент за функција колку што знам. И мислам дека нема да прифати да биде кандидат. Нема потреба тој да покажува кој е и колку е после 50 години свој придонес во нештата во оваа држава, и за оваа држава и за граѓаните во оваа држава. Така што, негова мисија е Европа, Европска унија и си работи на таа мисија, рече Џафери при денешната посета на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје.

Џафери смета дека не е приоритет на Ахмети натпреварот по однос на носењето на функција.

Треба да знаете
Последни објави