Следната седмица доста турбулентна на Балканот, од Африка ни следува продор на уште потопол воздух кој во некои делови ќе донесе температури дури и до 25 степени, сепак ќе има чести врнежи и тоа поради влијание на циклон со центар над Џенова…
Заследете ја мојата официјална фејсбук страница Славчо Попоски – МЕТЕО Прогнозер и мојот официјален инстаграм профил https://www.instagram.com/slavchopoposki/#
Инаку промената на времето започнува уште од овој викенд кога очекуваме врнежи кои најпрво ќе бидат локални, а повеќе врнежи ќе имаме во недела навечер и во текот на ноќта кон понеделник и тогаш тие ќе се прошират во поголем дел од Македонија. Снег ќе врне само на високите планини.
За време на викендот ќе дува и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Овој викенд ќе бидеме под влијание на длабок циклон со центар над северна и северозападна Европа.
Температурите остануваат натпросечно високи, и на многу места тие ќе се искачуваат до околу, па и над 10 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе надминуваат 15 степени.