ВМРО-ДПМНЕ потврдува, Гордана Силјановска-Давкова е нивниот претседателски кандидат

Професорката и актуелна пратеничка во Собранието Гордана Силјановска Давкова е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата, соопштија од партијата.

Во врска со Јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија ја информираме јавноста дека крајниот рок за поднесување на пријава истекува денес.

На истиот се пријави проф-др Гордана Силјановска-Давкова која поднесе план, програма за работа и потребен број на потписи на делегати. За нејзината кандидатура ќе се одлучува од страна на делегатите на Конвенцијата за избор на кандидат за претседател на РМ која ќе се одржи на 02 март 2024 година.

Треба да знаете
Последни објави