Дали големата вест на ДУИ најавена за утре е дека повторно ќе стане „зелена“ партија?

Многу внимание привлече денешната информација на ДУИ дека лидерот на партијата Али Ахмети утре во 11 часот ќе соопштел голема вест.

Оние со посвежа меморија паметат дека и во 2021, тогаш неколку месеци пред локалните избори, ДУИ на големо најавуваше важна, ексклузивна вест, а на крајот излезе лидерот на партијата, Али Ахмети, кој првпат јавно проговори македонски за да каже дека неговата партија станува „зелена“ партија.

Она што може да се очекува од утрешната прес-конференција на Ахмети, секако е промоција на кандидатот за претседател на ДУИ, кој најверојатно ќе биде кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари.

Треба да знаете
Последни објави