Шпекулациите од денеска се реалност. Актуелниот германски фудбалски првак Баерн Минхен потврди дека на крајот од сезоната ќе се раздели со тренерот Томас Тухел. Истата вест е потврдена и од самиот Тухел. Прична се слабите резултати на трофејниот тим од Мионхен, кој сезонава е на добар пат да остане без ниту еден освоен трофеј. По потврдената вест за разделба на Баерн и Тухел, се отвори нова дилема, кој ќе биде новиот тренер на Баерн. Очекувањата дека Јирген Клоп, германскиот стартег кој го предводи пермиерлигашот Ливерпул ќе се врати дома нема да се остварат. Клоп најави дека заминува од Ливерпул и сака да се одмори од спортот, а тоа го потврди и неговиот менаџер Марк Козике. -Јирген нема да тренира ниту клуб, ниту репрезентација по завршувањето на оваа сезона. Нашата одлука не се менува. Клоп нема да потпише ниту со Баерн, ниту со Барселона, кажа менаџерот на трофејниот тренер.