Министерот за здравство доктор Илир Демири завчера го поништил тендерот за набавка на единица за централна подготовка на лекови со КАТО софтвер за потребите на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, покажуваат документите до кои дојде ,,Слободен печат”. Само една фирма се пријавила на тендерот и тоа е всушност единствената фирма која во Европа може да го оспособи системот.
Но, нивната понуда од страна на Министерството за здравство е одбиена, а постапката за јавна набавка била поништена со образложение дека претставникот на фирмата документите ги потпишал рачно, а не со електронски потпис.