Животните приказни за четворицата легендарни членови на рок-групата Битлси, Пол Макартни, Ринго Стар, Џон Ленон и Џорџ Харисон ќе добијат филмско остварување. Режисер на овие филмски остварувања ќе биде оскаровецот Сем Мендес. Двајцата живи легенди Макартни и Стар, како и семејствата на Ленон и Харисон зе првпат дадоа дозвола и ги отстапија музичките права за да се снимат четирите меѓусебно поврзани биогравски филмови.
Режисерот Мендес кој е добитник на Оскар за „Американска убавина“, рече дека му е „чест што ќе ја раскаже приказната за најголемиот рок бенд на сите времиња“. Филмовите се очекува да се појават пред публиката во кино-салите во 2027 година.
Зад продукцијата стои студиото Sony Pictures Entertainment, коешто ќе ги финансира и дистрибуира сите четири филма.