Украинското знаме подигнато пред Министерството за одбрана

Утрово пред Министерството за одбрана беше подигнато украинското знаме во знак на поддршка за одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, а во пресрет на навршувањето на 2 години од почетокот на руската инвазија која започна на 24 февруари 2022 година.

На чинот на подигањето на знамето присуствуваа Министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на Украина во Северна Македонија Лариса Дир.

Северна Македонија продолжува целосно да ја поддржува Украина во борбата за својот територијален суверенитет и интегритет.

Досега Владата на Република Северна Македонија донесе дванаесет одлуки за воена и хуманитарна помош и беше спроведената обука на украинските војници на Криволак.

Оваа поддршка ќе продолжи и понатаму, а тоа беше потврдено од страна на министерката Петровска и на состанокот на Советот НАТО – Украина кој се одржа во седиштето на Алијансата во Брисел за време на минатонеделниот министерски состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО. Украинското знаме пред Министерството за одбрана ќе се вее заедно со знамето на Северна Македонија до понеделник, 26 февруари

Треба да знаете
Последни објави