Познатата личност Васко Тодоров, која повеќе од две децении го глумеше Тошо Малерот во телевизиското шоу „К-15“, во видео на социјалните мрежи изјави дека актуелниот претседател Стево Пендаровски е единствениот кој одлучил да даде државно признание за оваа емисија.
„К-15 е најоригиналниот концепт и најгледна емисија во телевизиската историја на Македонија. Тоа е факт. А Стево Пендаровски е единствениот човек којшто се сетил да ни даде официјално државно признание за К-15. И тоа е исто факт“ рече Тодоров.
Јавна поддршка за втор мандат за претседателот Стево Пендаровски преку социјалните мрежи започнаа да даваат голем број на граѓани, активисти, писатели.
Вчера јавна поддршка дадоа архитектот и политиколог Тони Поповски, кој порача дека Пендаровски е умерен политичар кој обезбедува смирувачко присуство во политичкиот простор и има капацитет да посредува помеѓу лутите партиски ривали. Бизнисменот и писател, Зоран Спасов-Ѕоф напиша дека Пендаровски е единствениот урбан лик во било која политичка гарнитура до сега и кажа дека му се допаѓа што Пендаровски не се потчинува на власта и се грижи за спортот и културата.