Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека жителите можат безбедно да се вратат на места оддалечени повеќе од четири километри од границата со Појасот Газа.
Меѓу местата во кои Израелците можат да се вратат се кибуцот Зиким, Нир Ам, Нир Јицак, како и градот Сдерот, пишува Тајмс оф Израел.
Сепак, ИДФ посочи дека се уште постои ризик од ракетирање од правец на Газа кон пограничните градови.