Кина: Најмалку две лица загинаа откако товарен брод удри во мост

Најмалку две лица загинаа, а три се водат како исчезнати откако товарен брод удри во мост во Кина, соопштија локалните власти.

Празен носач на контејнери, кој пловел помеѓу Фошан и Гуангжу, главниот град на јужната кинеска провинција Гуангдонг, удрил во столб од мост. Од ударот дел од мостот е оштетен.

На местото на несреќата испратени се десетици спасувачи.  

Треба да знаете
Последни објави