Нестле ги зголеми цените, му паднаа приходите

Швајцарскиот прехранбен гигант Нестле денеска објави дека неговите приходи благо паднале во 2023 година под притисок на неповолните девизни курсеви и намалената продажба поради повисоките цени. Приходите на Нестле паднаа минатата година за 1,5 отсто, на 93 милијарди швајцарски франци (97,8 милијарди евра).

Минатата година најмногу ги покачиле цените во Европа и тоа за дури 10,6 отсто, што резултирало со пад на продажбата за 2,4 отсто. Нето добивката на групацијата минатата година беше за 20 отсто поголема отколку во 2022 година, скокајќи на 11,2 милијарди франци. Прехранбените компании ги зголемуваат цените повеќе од две години, наведувајќи ги повисоките влезни трошоци за енергија, транспорт и земјоделски суровини.

Нестле нагласува дека во првиот квартал ценовната политика треба да биде многу поблага, а растот „многу повеќе врз основа на обемот (продажбата) и асортиманот“, изјави извршниот директор Марк Шнајдер во разговор со новинарите.

Треба да знаете
Последни објави