Велика Британија соопшти дека заедно со Јордан организирала од авион директно да се фрли помош во болница на северот на Појасот Газа.
Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека од авион на јорданските воздухопловни сили е фрлена помош во болницата Тал Ал-Хава. Помошта е финансирана од Велика Британија.
Како што е наведено, четири метрички тони помош, вклучително и лекови, гориво и храна за болничките пациенти и персоналот, биле опремени со ГПС-трагачи.
Јорданската војска соопшти дека ова е дванаесетти пат помош да се доставува во Газа на овој начин од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас.
Велика Британија работи со Јорданска хашемитска добротворна организација за да обезбеди и испорача помош во Газа, во висина од 1,3 милиони американски долари.