Кучето Командант на американскиот претседател Џо Бајден каснало агенти на тајната служба најмалку 24 пати, покажуваат новите документи што ги објави Би-би-си во четвртокот.
Записите на службите покажуваат колкав хаос им направил германскиот овчар на телохранителите на претседателот, пишуваат британските медиуми.
Документите беа објавени на интернет преку Законот за право на информации со имиња цензурирани за заштита на идентитетот на агентите и нивните безбедносни стратегии. Тие покажуваат дека меѓу октомври 2022 година и јули 2023 година, имало најмалку 24 инциденти во кои миленикот на претседателот каснал агенти, по зглобовите, подлактиците, лактите, половината, градите, бутовите и рамената.
Тие записи не ги вклучуваат сите напади на Командер бидејќи се однесуваат само на агенти на Тајната служба, а не и на други вработени во Белата куќа.
Команданд ја напушти Белата куќа минатиот октомври, една недела откако агент побарал лекарска помош поради каснување. Претходниот инцидент во јуни со „длабока гризнатина“ резултираше со конци во подлактицата на агентот. Поради крв на подот на дел од Белата куќа било прекинато разгледувањето на источното крило на таа зграда на 20 минути, покажуваат документите.
Во јули, германски овчар го гризнал за рака агентот, кој почнал да „губи значителни количини крв“, покажуваат документите. Еден од вработените во безбедносните служби напиша дека заштитата на Бајден и неговото семејство мора да биде „креативна за да се заштитат себеси“ и самите агенти.
„Неодамнешните каснувања не принудија да ја прилагодиме нашата оперативна тактика кога командантот е наоколу – ве молиме дајте му многу простор“, напиша агентот.