Паметните телефони во училниците во Италија ќе бидат забранети и за наставни цели

Употребата на паметни телефони и таблети ќе биде забранета во италијанските училници, дури и за наставни цели, според новите упатства што ќе бидат објавени наскоро, изјави италијанскиот министер за образование Џузепе Валдитара во денешното интервју за Il Folio.

Забраната, која се однесува на градинките, основните училишта и средните училишта, ја продолжува постоечката забрана за неакадемска употреба на паметни уреди воведена во Италија во 2007 година, објави Анса.

Во 2007 година, Италија ја забрани употребата на мобилни телефони во училниците во обид да спречи нарушување на наставата и злоупотреба преку телефонски уреди.

Учениците се педупредени дека ќе им бидат одземени мобилните телефони, а им се заканува и неможност за полагање на завршните испити.

Треба да знаете
Последни објави