Грчките земјоделци вечерва повторно ќе го блокираат граничниот премин Евзони

Вечерва се очекува да започне новата блокада на грчките земјоделци на граничниот премин Евзони (Богородица) кон Северна Македонија, што ќе трае до два часа.

Блокадата, според земјоделците, ќе биде како и во изминатите денови, периодична и повремено ќе се однесува и на камионите и на автомобилите, а се очекува да продолжи и во следните денови, до понеделник, 26 февруари.

Во понеделник, додека во Брисел биде состанокот на министрите за земјоделство на Европската Унија, земјоделците во Грција најавуваат протести на повеќе локации, а не е исклучена можноста да се одржи и на граничниот премин Евзони (Богородица).

Земјоделците од северниот дел на Грција веќе извесен период ги имаат паркирано нивните трактори на конкретниот граничен премин, а од вторникот периодично го затвораат во вечерните часови.

Треба да знаете
Последни објави