Американка обвинета за смрт на своето бебе кое го оставила само 10 дена и отишла на одмор

Жена од Охајо (32) вчера се изјаснила за виновна за убиство од небрежност откако ја оставила својата 16-месечна ќерка сама дома на 10 дена за да оди на одмор.

„Кристел Канделарио ја остави својата ќерка Џејлин Канделарио сама и без надзор на 6 јуни 2023 година. Таа се врати дома дури на 16 јуни“, рече окружниот обвинител Мајкл К. О’Мали, според НБЦ њуз.

Кога Канделарио се вратила во својот дом во Кливленд по патувањето во Детроит и Порторико, нашла дека нејзината ќерка не реагира и повикала полиција. Надлежните велат дека собата на детето била полна со валкани прекривки натопени со урина и измет. Кога итната помош пристигнала на местото на настанот, констатирале дека бебето починало.

„Беше екстремно дехидрирана“, соопшти полицијата.

Канделарио се изјасни за виновна за едно тешко убиство. Таа ќе биде осудена во март. Засега не е познато зошто Канделарио не побарала некој да и го чува детето додека таа била на пат.

Семеен пријател за Њуз5 Кливленд изјави дека ова не е прв пат Канделарио да ја остави ќерка си сама дома: „Постојано и велевме да не ја остава сама. Не само јас, туку и мојот познаник кој живее од другата страна на улицата.

Треба да знаете
Последни објави