САД воведоа 500 нови санкции против Русија

Американскиот претседател Џо Бајден денеска објави дека САД вовеле 500 нови санкции против Русија поради инвазијата на Украина и смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални.

-Денеска објавувам повеќе од 500 нови санкции против Русија за нејзината освојувачка војна против Украина и за смртта на Алексеј Навални, кој беше храбар антикорупциски активист и најжесток опозициски лидер на Путин. Овие санкции ќе бидат насочени кон поединци поврзани со затворањето на Навални, како и кон рускиот финансиски сектор, одбранбената индустриска база, мрежите за набавки и оние кои избегнуваат санкции на неколку континенти – рече Бајден, според соопштението на Белата куќа.

Тој додаде дека санкциите ќе обезбедат Путин „да плати уште поголема цена за неговата агресија во странство и репресијата дома“.

Треба да знаете
Последни објави