Сашко Коцев: Јас извадив пасош, не со врски, туку на фората ‘Само да прашам‘

По една година пауза, на големо изненадување на бројната публика во салата „Борис Трајковски“, на сцената се појави актерот Сашко Коцев во улога на водител на манифестацијата.

Јас извадив пасош. Не со врски, туку на фората ‘Само да прашам‘, се пошегува актерот.

Вчера се одржува 27. издание на најпопуларното македонско шоу за награди во областа на популарната култура во Македонија – „Златна бубамара“.

Под мотото „Кој чека ќе дочека, редно е да има ред“, најсаканиот комичар на македонската публика ја искоментира актуелната ситуација со личните документи во државата и на свој начин ги насмеа присутните.

Треба да знаете
Последни објави