Двајца кумановци приведени откако биле фатени со дрога

На 22.02.2024 во 23.00 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ги лишиле од слобода А.Н.(31)  и Н.А.(36), двајцата  од Куманово.

При преглед кај нив бил пронајден кокаин, а подоцна при претрес во домот на Н.А.(36), извршен со судска наредба, биле пронајдени кокаин, шест дигитални ваги и повеќе куршуми. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Треба да знаете
Последни објави