Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија вечерва околу 18 часот и 45 минути. Земјотресот е регистриран на 88 километри јужно од Софија, на длабочина од 13 километри. Со земјотрес од оваа јачина можна е помала материјална штета. Денеска беа забележани уште два земјотреса во регионот, еден во Албанија, што беше почувствуван во западните делови на Македонија и еден во Босна и Херцеговина. Сите земјотреси беа со јачина од околу 3 степени според Рихтер.
![](https://arhiva.24info.mk/wp-content/uploads/2024/02/zemjotres-1.png)