Абас го повтори своето противење на плановите на Израел за операција во Рафа

Претседателот на палестинските власти Махмуд Абас денеска во разговор со јорданскиот крал Абдула Втори во Аман изјави дека се противи на израелските планови за воена операција во Рафа, најјужниот град во Појасот Газа, каде што има повеќе од милион Палестинците.

Повеќето од тие Палестинци побегнале во Рафа бегајќи од борбите во другите делови на енклавата, објавија медиумите на арапски јазик.

Абас и јорданскиот крал разговараа за последните случувања во војната меѓу Израел и Хамас во Газа, како и за напорите за зголемување на количината на хуманитарна помош за Палестинците во енклавата, особено нејзиниот северен дел.

Во разговорот беше истакната потребата да се дозволи слобода на вероисповед за Палестинците во џамијата Ал Акса за време на претстојниот Рамазан, откако минатата недела беше објавено дека израелската влада размислува да го ограничи бројот на луѓе што им се дозволени да влезат на локацијата за време на муслиманскиот празник, објави Тајмс оф Израел.

Треба да знаете
Последни објави