Јорданскиот крал предупреди на закана од поширок конфликт доколку Израел продолжи со нападите за време на Рамазан

Јорданскиот крал Абдула Втори предупреди на можноста за ширење на регионална војна доколку Израел продолжи со својата воена кампања во Појасот Газа за време на Рамазан, светиот муслимански месец што треба да започне на 10 и 11 март.

За време на средбата во Аман со палестинскиот претседател Махмуд Абас, кралот на Јордан оцени дека „продолжувањето на војната против Газа за време на светиот месец Рамазан ќе ја зголеми заканата од ширење на конфликтот“, пренесе јорданската агенција Петра.

Треба да знаете
Последни објави