Лавина проголта скијачи во Франција, четворица загинати и двајца исчезнати

Најмалку четири лица загинаа во лавина во Масив Централ, планински венец во јужниот дел на централна Франција, објавија локалните медиуми. Наводно се повредени уште три лица, а двајца се водат за исчезнати.

Несреќата се случила во неделата попладне во Вал д’Енфер во близина на ски-центарот Мон Доре, кој се наоѓа на надморска височина меѓу 1.200 и 1.846 метри.

Регионалниот весник Миди Либре објави дека жртвите биле на скијање кога паднала лавината. Можно е дождот да ја предизвикал несреќата, оптоварувајќи ја снежната покривка која се формирала неколку часа претходно, пишува весникот повикувајќи се на вештачење.

Лошото време ја отежна потрагата по исчезнатите. Лавините на Централниот масив се доста ретки.

Треба да знаете
Последни објави