НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛО И СЛЕДНАТА НЕДЕЛА: Нов, овој пат поголем влажен бран од Медитеранот од четврток!

Метео анализа на Славчо Поповски

Невообичаено топлото време за овој период од годината, благодарение на топлиот метеоролошки феномен “Ел Нињо” ќе продолжи и во текот на следната недела, температурите и понатаму речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели повремено тие ќе се искачуваат  и до пролетни 20 степени.

Сепак ќе има повеќе облачност, а нов, овој пат поголем влажен воздушен бран од Медитеранот очекуваме од четврток. Овој влажен бран локално ќе донесе пообилни врнежи од дожд и позначително количество на воден талог. Сето ова повторно ќе биде проследено со засилен ветер од југоисточен правец, најиздразен Долж Повардарието.

Треба да знаете
Последни објави