Конференција „Украина – две години хероизам“ се одржува денеска во Скопје, во организација на Амбасадата на Украина, во соработка со ЦИВИЛ – Центар за слобода. Претседателот Стево Пендаровски и амбасадорката на Украина Лариса Дир се првите говорници на конференцијата, а учествуваат и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи Бујар Османи, како и дипломатски претставници.
![](https://arhiva.24info.mk/wp-content/uploads/2024/02/20240226102254_big_730x400_36.webp)