Ацевски: ЗНАМ е во класична коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата ЗНАМ на Максим Димитриевски не е во коалиција со граѓаните, туку е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, порача Костадин Ацевски член на Извршниот одбор на СДСМ во во емисијата 24 Анализа на Телевизија 24.

„Во Куманово, ЗНАМ е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и за прв пат ВМРО-ДПМНЕ има локална власт благодарение на ЗНАМ, токму ВМРО-ДПМНЕ има двајца директори во локалните јавни претпријатија. Можеби таа опција претставувала одредена можност да земаат гласови од СДСМ во текот на локалните избори кога беше промовирана како движење, но сега кога е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ со истите кои ги исфрлија пратениците од СДСМ од Парламентот, не можеме да кажеме дека ЗНАМ е во коалиција со граѓаните, туку е во класична коалиција со ВМРО-ДПМНЕ“ рече Ацевски.

Обраќајки се кон потпретседателката на ЗНАМ, Весна Бендевска, Ацевски посочи дека таа токму на предлог и со гласови од владејачкото мнозинство е избрана за членка на Комисијата за заштита од дискриминација и дека токму на тој начин се гледа ширината на политиките на СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави