НАЈНОВО НА НУМЕРИЧКИТЕ МОДЕЛИ (НЕОФИЦИЈАЛНО): Зимата и студеното време кај нас би можеле да се вратат од следниот викенд?!

Метео анализа на Славчо Поповски:

Има интересна ситуација на нумеричките модели од денес, а тоа е дека веќе на нумеричките модели (не сите да напоменеме) се црта враќање на зимата и на студеното време, како и на снегот на повеќе места во Европа  и на Балканот од следниот викенд.

Се црта спуштање на студен воздух од север, што значи дека температурите значително би опаднале и би биле минусни на повеќе места, особено во утринските  и ноќните часови, со што се очекува  и појава на мраз. Секако со ова очекуваме  и снег понекаде  и на помала надморска височина, додека Скијачките центри и останатите планини би добиле нешто повеќе снег.

Секако ова е многу неофицијално, но сепак вреди да се објави во јавноста и да се спомне. Нормално ние континуирано ќе ја следиме состојбата на нумеричките модели и постојано ќе информираме.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Треба да знаете
Последни објави