Поранешна професорка донирала милијарда долари на медицинскиот колеџ во Њујорк за стипендии за сите студенти

Поранешната професорка на Медицинскиот колеџ во Њујорк, Алберт Ајнштајн, Рут Готесман, донираше милијарда долари на училиштето за стипендии за сите студенти, што е најголемиот подарок од ваков вид досега во САД, објави денеска колеџот.

Според извештаите, поранешната професорка ја дава донацијата благодарение на богатството на нејзиниот сопруг Дејвид Готесман, финансиер од Волстрит, кој почина во септември 2022 година.

Готесман започнала да работи на колеџот во 1968 година, а во текот на нејзината кариера истражувала потешкотии во учењето кај децата и креирала програма за описменување на возрасни.

Благодарение на нејзината донација, сите сегашни редовни студенти ќе имаат платена школарина во пролетниот семестар 2024 година, како и сите идни.

Школарината е околу 60.000 долари годишно.

Колеџот, кој има околу 1.100 студенти, се наоѓа во Бронкс.

Треба да знаете
Последни објави