Натпросечното топло време за овој период од годината продолжува и во следните денови, но со тоа што од утрешнта ноќ, па во деновите потоа ќе бидеме под влијание на Медитерански влажен бран, и тој повремено ќе ни условува врнежи од дожд, локално пообилни и се очекува да наврнат над 20 литри дожд на метар крадратен (особено во западната половина од државава).
Мора да напоменеме дека снег ќе врне само на највисоките планински места во северозападна Македонија (поточно на највисоките предели на Шар Планина).
Заследете ја мојата официјална фејсбук страница Славчо Попоски – МЕТЕО Прогнозер и мојот официјален инстаграм профил https://www.instagram.com/slavchopoposki/
Сето ова ќе биде проследено со ветер, претежно од југоисточен правец и тој особено во четврток ќе биде засилен на интензитет, особено Долж Повардарието.
Што се однесува до температурите, тие и понатаму речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе се искачат до близу 20 степени.
Нови и детални информации околу ова следуваат веќе утре – Следете не!